Претседателот на Иран Хасан Рохани денеска изјави дека повлекувањето на САД од нуклеарниот договор од 2015 година е „кршење на моралот“, нагласувајќи дека Техеран ќе остане посветен на договорот доколку интересите на земјата можат да бидат заштитени.

– Повлекувањето на САД е „кршење на моралот“, правилен начин за водење на политиката и дипломатијата и спротивно од меѓународните регулативи, наведе Рохани.

Тој додаде дека, доколку останатите пет земји, со кои е потпишан договорот, останат посветени „Иран ќе остане на договорот и покрај одлуката на САД“.

Како што јави МИА, на 8 мај американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД се повлекуваат од нукларниот договор, што шест големи сили (вклучително и САД) го потпишаа со Иран, а подразбира олеснување на санкциите за Техеран во замена со прекин на нуклеарната програма на Иран.