Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека Саудиска Арабија не би се осудила да го убие Џамал Кашоги во Конзулатот во Истанбул без да има поддршка од САД.

– Мислам дека без американска поддршка таа земја (Саудиска Арабија) не би се осудила да стори такво злосторство – посочи Рохани.

Но, тој не понуди никакви докази за  таквото тврдење.

Рохани саудискиот систем го нарече „племенско владеење“ , каде поединци имаат заштита и поддршка од луѓето на власт, така што ниту еден суд нема да преземе мерки против нив.

Саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“ 59-годишниот Кашоги исчезна на 2 октомври, а последен пат е виден како влегува во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул. По повеќедневно демантирање, официјален Ријад во петокот призна дека Кашоги е убиен во Конзулатот во непланирана „караница и тепачка“.