Претседателот на Иран, Хасан Рохани, во говорот по повод одбележувањето на 40-годишнината од Исламската револуција од 1979 година, денеска истакна дека Техеран е одлучен да ја прошири својата воена моќ и балистичката ракетна програма и покрај растечкиот притисок од непријателските земји и нивното инсистирање да ја ограничат иранската одбранбена програма.

– Не баравме и нема да бараме дозвола за развој на различни видови ракети и ќе го продолжиме нашиот пат и развој на нашата воена сила, посочи Рохани од плоштадот Азади (Слобода) во Техеран, на кој имаше повеќе десетици илјади граѓани по повод 40-годишнината од Исламската револуција, а дел од нив вееја ирански знамиња и извикуваа „Смрт на Америка“.

На 11 февруари 1979 година, денот што се смета за победа на Исламската револуција и претставува датум кога иранската војска се повлече по повеќедневните улични борби дозволи прореволуционерните сили да ја заземат земјата, додека владата на шахот Мухамед Реза Пахлави поднесе оставка.

Четирисегодишнината од Исламската револуција се оджува во тензични односи на Иран со САД, а претставниците на Техеран се справуваат со ефектите од американските економски санкции воведени во ноември минатата година.