Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска рече дека неговата земја се наоѓа во најтешката економска ситуација во последните 40 години, а за тоа не е виновна владата, туку САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година се повлече од меѓународниот нуклеарен договор со Иран и повторно му наметна санкции.

Работниците, вклучително возачите на камиони, фармерите и трговците, од тогаш повремено одржуваат повремени протести против економските проблеми кои повремено доведуваат до судири со безбедносните сили.

– Денеска земјата се соочува со најголемиот притисок и економски санкции во последните 40 години – рече Рохани, пишува на неговата официјална интернет страница.

Вредноста на иранскиот риал последните месеци се менуваше, заради што обичните луѓе одвај спојуваат крај со крај.