Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека Техеран нема намера да влегува во војна со американските сили на Блискиот исток каде со децении трае борба за влијание меѓу Иран и Саудиска Арабија, сојузник на САД.

– Не сакаме да влегуваме во војна со американските сили во регионот-изјави Рохани на прес-конференција.

Тој додаде дека Иран ќе остане посветен на мултинационалниот договор од 2015 година од кој во мај оваа година се повлекоа САД.

– Додека договорот им служи на нашите интереси, ќе се придржуваме…Останатите членки од договорот презедоа многу добри чекори кон напредување, но Иран има поголеми очекувања- додаде Рохани.