Иранскиот претседател Хасан Рохани денес потпиша закон со кој американските сили на Блискиот Исток се прогласуваат за терористи, а американската влада за спонзор на тероризмот.

Законот, усвоен минатата недела од страна на парламентот, е одмазда против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја прогласи Елитната револуционерна гарда на Иран за странска терористичка организација”, објави Ројтерс.

Рохани побара од Министерството за разузнавање, Министерството за надворешни работи, вооружените сили и Врховниот ирански совет за национална безбедност да го спроведат законот, објави новинската агенција „Тасним“.