Претседателот на Иран, Хасан Рохани, ги повика западните сили да ја остават безбедноста на Персискиот залив на регионалните држави на чело со Техеран.

Тој најави дека ќе претстави регионален мировен план на претстојните состаноци на високо ниво во ОН. Рохани предупреди дека нема да дозволи нa кого било да ги наруши границите на земјата, но истакна дека Техеран им пружил рака за пријателство на соседите и дека дури е подготвен да им прости за претходните гревови.

Иранскиот претседател порача дека САД и западните нации треба да се дистанцираат од регионот. Рохани нагласи дека иранскиот план ќе се фокусира на пружање безбедност во Персискиот залив, Ормушкиот теснец и Оманскиот залив со помош на регионалните земји.