САД интензивно ја користат енергијата како политичко оружје и санкциите или заканата со нив имаат деструктивен ефект врз пазарот, изјави директорот на „Роснефт“, Игор Сечин, говорејќна енергетскиот панел во Санкт Петербург, пренесува ТАСС.

– Голем број коментатори сакаат да ја обвинат Русија дека ја користи енергијата како политичка алатка. Во исто време, неоспорен факт е дека енергијата како политичко оружје во голема мера се користи од САД, а неговата употреба има катастрофален ефект врз глобалниот екосистем на енергетскиот пазар – рече Сечин.

Според него, неказнивоста на американската политика за санкции и недостигот од реакција од светската заедница придонесуваат за нејзина примена на другите енергетски пазари. Во исто време, со елиминирање на конкурентите, САД развиваат сопствена инфраструктура и го зголемуваат својот извозен потенцијал.

– Веќе во 2020 година, САД ќе станат нето извозник на нафта, а во 2024 година капацитетот за извоз на нафта и нафтени производи од САД може да достигне 9 милиони барели дневно – рече директорот на „Роснефт“.