Романска претставничка во новата Европска комисија ќе биде европратеничката Адина Валеан, пренесува „Еуроактив“.

Новата романска влада на десниот центар денеска номинира двајца свои европратеници, Адина Валеан и Зигфрид Мурашан.

Според извори на „Еуроактив“, новата претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лаен, инсистирала на потребата за еднаква родова застапеност во Комисијата иако романската влада го фаворизирала Мурешан.

Порталот добил информација дека Романија ќе го добие ресорот проширување, а не сообраќај, како што претходно било планирано. На тој начин ресорот сообраќај ќе ѝ припадне на Унгарија.

Меѓутоа, критичарите укажуваат на тоа дека Фон дер Лаен не инсистирала на комесарка во случајот на Франција кога Тиери Бретон ја замени отфрлената кандидатка Силви Гулар, а во случајот со Романија тоа сепак го сторила.