Родителите на првата дама на САД, Меланија Трамп, официјално станаа американски државјани, соопшти нивниот адвокат.

Родителите на Меланија, Виктор и Амалија Кванс,  положија заклетвата за државјанство во Њујорк, потврди нивниот адвокат, Мајкл Вајлдс за “Фокс њус”. Кванс живееле во САД како жители со законски престој, а на церемонијата биле придружувани од Полицијата за домашна безбедност.

Меланија Трамп, чие моминско презиме е Кнавс, е родена 1970 година во Ново Место, Словенија, тогашен дел од СФРЈ, а израснала во Севница, од каде што се иселила во своите дваесетти години, кога влегла во светот на манекенството. 

Татко ѝ Виктор (74) се занимавал со продажба на автомобили, а мајка ѝ Амалија (73) работела во текстилна фабрика. Таткото на Меланија е само две години постар од нејзиниот сопруг Доналд Трамп.

Меланија го запознала Доналд во 1998 година, а една година по бракот со него, во 2006 година, добила американско државјанство.