Скоро 20 милиони работни места во производството ширум светот се под закана да бидат автоматизирани и преземени од роботи до 2030 година, стои во истражувањето на „Оксфорд економикс“, а пренесува Би-би-си.

Луѓето кои ќе ја загубат работата, најверојатно би можеле да најдат слични работни места како сервисери на роботите, но и овој сектор полека се автоматизира.

Сепак, зголемувањето на автоматизацијата исто така ќе произведе други нови работни места и економски развој, покажува истражувањето. „Оксфорд економикс“ повика за превенирање на штетното зголемување на нееднаквоста на приходите.

Секој нов индустриски робот затвора 1,6 работни места во производствената индустрија, со тоа што најсилни последнци доживуваат секторите за кои се потребни најниски работни квалификации.

Регионите во кои живеат луѓе со ниски квалификации имаат послаби економии и повисока стапка на невработеност, што ги прави  позагрозени од автоматизацијата на работните места.