Урсула фон дер Лејен е изборот на лидерите на Европската Унија (ЕУ) за нов претседател на Европската комисија (ЕК), а токму тие лидери ќе мораат да ги обединат силите во Европскиот парламент (ЕП) за таа да ги добие неопходните гласови за стапување на функцијата, анализира „Политико“.

– Математиката е едноставна, политката зад неа е комплицирана. За да биде избрана за претседател на ЕК, Фон дер Лејен мора да добие апсолутно мнозинство на гласови во ЕП на гласањето закажано за вторник во Стразбур – пишува магазинот.

Конкретно, германската министерка за одбрана од редовите на конзервативците ќе мора да ја добие целосната поддршка од пратенизите на нејзината Европската народна партија (ЕПП), односно 182 гласа, како и уште 193 гласови од други пратеници за да го преземе местото на шеф на ЕК.

Во политичка смисла, европските пратеници и други познавачи на состојбите велат дека сè под 400 гласови за проевропските партии би бил катастрофален резултат, одбивајќи ја можноста на Фон дер Лејен да добие широко мнозинство и неопходен легитимитет за успешно претседавање со ЕУ во следните пет години.

Претседателот во заминување на ЕК, Жан-Клод Јункер беше изгласан со 422 гласови „за“, 250 „против“ и „47“ воздржани.