Во Конго од почетокот на епидемијата на ебола во август минатата година починаа речиси илјада лица, соопшти Светската здравствена организација (СЗО) и предупреди дека продолжува пренесувањето на вирусот.

Според СЗО, во Конго во моментот се применува експериментална вакцина против ебола со надеж дека таа ќе го спречи ширењето на епидемијата. Според најновиот биланс, од 1.510 заразени, починале 94 лица, соопшти СЗО и додаде дека бројот на жртвите веројатно набргу ќе ја надмине бројката од илјада лица.

Конго имаше десет епидемии на ебола од 1976 година. Во претходната епидемија во североисточниот дел на Конго починаа 33 лица. Еболата или хеморагичната треска е многу заразно вирусно заболување. Пациентите добиваат треска проследено со болка во мускулите, ненадејно зголемување на температурата, главоболка и слабост на телото, а понекогаш и крвавење.