Претседателот на Никарагва Даниел Ортега најави преиспитување на предлогот за реформа на пензискиот систем во земјата, која покрена протести со најмалку шест мртви.

Работниците и работодавачите на Никарагва во средата почнаа протести, гневни поради планот, според кој, тие треба да издвојат поголеми придонеси за пензискиот систем, а новиот закон предвидува и намалување на пензиите за пет проценти.

Ова се најголемите протести и најлошата криза што ја погоди оваа централно-американска земја откако Ортега дојде на власт пред 11 години.