Во Холандија и Белгија денеска се измерени температури од 38,8 и 38,9 Целзиусови степени, што се највисоки температури забележани во тие земји, објавија нивните метеоролошки институти.

Во северозападниот дел на Белгија попладнево се измерени 38,9 степени, што е историски рекорд за таа земја.

-Измерените 38,9 Целзиусови степени се највисока температура измерена во Белгија од почетокот на мерењето во 1833 година, напиша шефот на Кралскиот метеоролошки институт, Дејвид Денехау на „Твитер“.

На југот на Холандија, пак, во 15 часот биле измерени 38,8 Целзиусови степени. Последниот рекорд во Холандија беше во 1944 година кога била измерена температура од 38,6 Целзиусови степени.