Јужните делови на американската сојузна држава Калифорнија се зафатени од жежок бран, поради што синоптичарите за денеска најавуваат температури од 40 степени Целзиусови.

Според американската Национална метеоролошка служна, денеска се очекува температурите во Лос Анџелес и Сан Диего да достигнат до 37 степени.

Во текот на вчерашниот ден во еден момент на универзитетот УКЛА во Лос Анџелес се измерени 44 степени Целзиусови, со што е надминат досегашниот рекорд од 42,8 степени измерен во 1939 година на оваа локација. Таа температура сепак е пониска од апсолутниот рекорд од 47,2 степени за подрајето на Лос Анџелес, измерен вчера во квартот Удланд Хилс.

Поради високите температури во повеќе градови во јужна Калифорнија климатизираните јавни објекти ќе бидат цело време достапни за граѓаните.

Паралено со жештините, во реонот северно од Лос Анџелес избувна голем пожар. Силниот топло ветер за брзо време го прошили пожарот, кој се доближил до северните предградија на Лос Анџелес, од каде се евакуирани стотици лица.

Минатата ноќ пожар избувна и во местото Галита. Пожарот започнал во една зграда, при што набрзо се проширил зафаќајќи 12 објекти.