Затворени се избирачките места во Хонгконг, а според првичните податоци, на локалните избори во автономната кинеска област излегле рекорден број гласачи.

Како што соопштија властите, гласале над 2,7 милиони, што е околу две третини од регистрираните избирачи.

Првичните резултати се очекуваат по полноќ, по локално време, јави „Ројтерс“.

Изборите поминаа мирно, без поголеми неправилности.

Недамнешните анкети покажаа пораст на поддршката на продемократските сили.

Гласачите избираа помеѓу 1.104 кандидати за 452 места во локалната самоуправа.