Украинската гранична полиција запленија рекордна пратка на кокаин од Колумбија во Одеса, а вкупното количество на запленетата дрога достигна 19,5 тони, објави руската новинска агенција Таш.

Трговците на дрога се обиделе да го испорачаат кокаинот така што го измешале со боја во пластични канти.

-Планот на трговците на дрога беше лесен: да увезат кокаин измешан со лак и бои на адреса на една украинска компанија, а потоа да го изолираат во лабораторија- објави украинската Државна фискална служба.

Според резултатите од прелиминарната истрага, кантите од околу 30 килограми содржат до три килограми кокаин. Вкупното количество на запленетата дрога конечно ќе се утврди кога ќе биде прегледан целиот товар.

-Сепак, сега можеме да кажеме дека ова е рекордна заплена- се вели во соопштението на Фискалната служба.