Рекламите на Кока-Кола кои промовираат прифаќање на геј лицата беа причина за повик на бојкот од висок член на десничарската владејачка партија на Унгарија.

Постерите, заедно со еднонеделниот настан „Љубовна револуција“, кој ќе се одржи во Будимпешта, прикажуваат геј парови кои се смешкаат и под кои се испишан слогани како „нула шеќер, нула предрасуди“.

Кампањата иритираше дел од поддржувачите на националистичката партија на Виктор Орбан, Фидес, која поддржува превентивна забрана на бракови од ист пол и се обидува да ги забрани веќе постоечките граѓански партнерства од ист пол.

Во неделата, членот на Фидес, Иштван Болдог, повика на бојкот на производите на Кока-Кола за време на нивната „провокативна“ кампања.

– Хомосексуалното лоби ја опсади Будимпешта и не остава простор да се избегне ова – напиша еден десничарски портал.

Кока-кола во понеделникот рече во своето соопштение во понеделникот дека ставот на копанијата е дека „и хетеросексуалците и хомосексуалците имаат право да го сакаат лицето што го сакаат онака како што сакаат“.

Фидес не го поддржа јавно повикот за бојкот на Болдог, велејќи дека Унгарците се слободни да изберат дали да пијат Кока-кола.