Водите на реката Рајна достигнаа најниско ниво во историјата, а причина за тоа е недостигот на дождови во Германија во последниве месеци.

Поради ниското ниво на вода во Рајна, во реката се откриени разни предмети, па дури и бомба од Втората светска војна.

Во Келн нивото на водата изнесувало 77 сантиметри, што е помалку од досегашниот рекорд од 81 сантиметар во 2003 година.

Врнежи од дожд се очекуваат следната недела, но тие нема да бидат доволни за обновување на водата во Рајна.

Сушата има и економски последици затоа што бродовите повеќе не можат да пловат по реката, која е важна транспортна траса за многу од економските сектори во Германија, Франција и Холандија.

Во исто време се појавуваат и проблеми за енергетската компанија Ер-Ве-Е (РWЕ) која не може да го добие јагленот што и е потребен за работа на термоелектраната во Хам.