Пред 25 години, шестгодишното момче за кое се веруваше дека е реинкарнација на Панчен лама (втор по ранг веднаш зад Далај лама во верувањето на тибетскиот будизам) исчезна без трага, пренесува Си-ен-ен.

Гедун Чоки Нима оттогаш не е виден, ниту за него се слушнало, се до вторникот, кога се појавија информации за него во Кина. Тој, наводно, води нормален живот, има 31 година, дипломирал и има работа, а неговото семејство не сака да биде вознемирено и вмешано во несогласувањата помеѓу Кина и Тибет. 

Ваквата информација била споделена од портпаролот на на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијан, за време на редовниот брифинг за новинарите. 

Гедун Чоки Нима бил идентификуван од страна на Далај лама, тибетскиот духовен лидер, како 11-ти Панчен лама во 1995 година, шест години по смртта на неговиот претходник. Но, Пекинг го одбил и брзо понудил свој кандидат, Гјалцен Норбу, за кој тие тврдат дека е вистинскиот Панчен лама. 

Со тоа, Кина избегна тој да биде нивен противник, обликуван и израснат од Далај лама, кој пребегна од Тибет во 1959 година и живее во егзил, а редовно е обвинуван за сите немири во Тибет. Откако стана возрасен, Норбу зазеде улога на јавно лице и  придружник на највисокото кинеско политичко тело и честопати се појавува на важни настани во Пекинг. 

Гјалцен Норбу (лево), 11-тиот Панчан лама одбран од страна на кинеските власти