Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се состана во понеделникот во врска со последните настани во Идлиб во Сирија со неговиот руски колега Владимир Путин.

Ердоган изразил загриженост во врска со кршењето на прекин на огнот во последните две недели од страна на силите на Башар ал Асад во зоната за отстранување на ескалација – Идлиб, објави на Твитер раководителот за комуникации во канцеларијата на турскиот претседател, Фахретин Алтун.

Ердоган, исто така, посочил дека убивањето цивили, нападите врз училиштата и болниците не може да се смета за борба против тероризмот. Тој истакнал дека режимот на Асад се обидува да ја саботира турско-руската соработка во Идлиб и да наштети на духот на договор од Астана, укажувајќи дека зголемените тензиите во регионот го попречуваат формирањето на уставна комисија во Сирија и ќе влијаат на политичкиот процес.