Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала се случил вечерва во област недалеку од Виена, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

ЕМСЦ првично извести дека земјотресот бил со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, но подоцна ја ревидира својата проценка.

Според ЕМСЦ, земјотресот се случил на 50 километри јужно од главниот град на Австрија, на длабочина од 10 километри.

Австрискиот институт за сеизмологија објави дека земјотресот бил со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала и дека епицентарот бил на длабочина од само три километри, пренесе хрватскиот портал „Индекс“.