Економски целосно уништена, социјално несетабилна и многу гладна – Венецуела денес се соочува со многу тешка криза. Фотографот Игнасио Марин ја следи кризата од мај 2018 година, а преку неговите фотографии се обидува да го долови очајот на пропаднатата нација.

Некогаш наречена Саудиска Арабија на јужноамериканскиот континент, денес Венецуела повеќе наликува на Сирија. Економски уништена и социјално нестабилна, земјата сега се соочува со уште еден многу сериозен проблем, а тоа е недостатокот на храна. Во сиромашниот кварт Петаре во централното подрачје на главниот град Каракас, фрижидерите се празни, метежот во супермаркетите станува поголем и неопходноста да се најде било каков вид на храна ги поттикнува сите на насилство.

Многу млади луѓе формираат банди кои ограбуваат домови и продавници и насилно одземаат храна од пешаци. Минатата недела, секојдневно растечката инфлација предизвика цените двојно да се зголемат од минатата недела. Денес, според пишувањата на „Гардијан“, девет од 10 Венецуелци не чувствуваат дека имаат доволно ресурси за да купат храна. Веќе некое време владата се обидува да го надмине овој сериозен проблем преку планот наречен „клап“, со дистрибуција на вреќи со намирници за цивилите. Но, оваа мерка по сé изгледа дека не е доволна и гладот сега е најголема закана за кревката венецуелска национална безбедност.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека инфлацијата во Венецуела ќе стигне до 10 милиони отсто во 2019 година. Големата глад го предизвикува народот да пробува да дојде до храна преку насилство.

Според последното истражување на условите за живеење на „Енкови“, 80 отсто од домовите во Венецуела немаат достапност до храна, а за многу семејства дури и основните намирници како домати или грав се недостапни за граѓаните.

Информациите од невладината организација „Каритас“ за 2018 велат дека 65 отсто од децата со кои работеле страдаат од различни нивоа на неисхранетост.

Околу 87 отсто од домовите во земјата сега ја примаат помошта од владата наречена „клап“, но граѓаните на Венецуела никогаш не се сигурни кога ќе пристигне следната пратка со храна. Мерката е критикувана од опозицијата и тие сметаат дека се користи како алатка за осигурање на гласови на следните избори, особено од најсиромашните единки на општеството.

Грабежите претставуваат сериозен проблем и за населението и за властите, а често се случува грабежите да прераснат и доведат до убиства.

Затворениците во државата исто така се соочуваат со голема криза за храна. И претходно затворите во Венецуела беа преполни, а сега затворскиот систем во земјата е на чекор до колапс.

Голем број деца веќе не добиваат никакво образование во Венецуела.  Слична е ситуацијата и во Мамера, една од најопасните и најсиромашни населби во главниот град Каракас. Недостатокот на храна предизвика криза и во образованието, бидејќи голем број родители не им дозволуваат на децата да одат во училиште со празен стомак.