Во Германија во тек се рации поради мејловите што екстремно десничарските групи ги испратиле до џамии, политички партии, медиуми, центри за прием на мигранти, заканувајќи се со напади.

Рациите се спроведуваат во Баварија и во три други германски држави, потврди полицијата, без да даде детали за акцијата.

Според извештаите на „АП“, рациите биле иницирани заради 23 мејлови испратени во рок од две недели во јули, во кои исто така имало закани за бомбашки напади.

Заканувачките мејлови биле потпишани од групите „Народен фронт“, „Борба 18“ или „Крв и чест“.