Стапката на невработеност на Германија надмина пет проценти во јануари, најмногу поради временските услови. Бројот на невработени укажува и на понизок економски развој, покажуваат податоците на Федералната агенција за труд.

Според тие бројки, стапката на невработеност се искачила на 5,3 проценти во јануари од 4,9 проценти во декември.

– Во Германија, вкупно 2,43 милиони луѓе се регистрирани како невработени и таа бројка е зголемена за 198.000 во однос на декември – се вели во соопштението.

Германската економија беше во пораст десет последователни години, но минатогодишниот раст од 0,6 проценти е најслаб од 2013 година.