Две лица загинаа во невремето во Италија кога врз автомобилот во кој се наоѓале паднало дрво.

Досега во невремето што ја зафати Италија последните неколку дена загинаа 14 лица.

Како што пренесуваат локалните медиуми, уништени се и патиштата во живописното село Портофини, каде што фериброд е единствено превозно средство за жителите на ова медитеранско пристаниште.