Најмалку 100 лица починаа на индонезискиот остров Јава откако испиле контаминиран алкохол, соопшти денеска полицијата.

Жртвите починале во покраината Западна Јава и Џакарта овој месец, откако пиеле евтини алкохолни пијалаци произведени во домашни услови.

Уште 80 други луѓе се хоспитализирани.

Властите во градот Бандунга прогласија вонредна состојба откако 45 луѓе умреле во тој град.

Десетици луѓе умираат секоја година од труење со метанол во Индонезија, каде што алкохолните пијалаци се скапи.

Стручњаците велат дека локалните производители на алкохолни пијалаци немаат технологија со која би осигурале сигурно отстранување на метанолот од остатокот на пијалокот.