Мистериозна порака беше оставена на местото на убиството на 25-годишниот Ахмад Арбери, а адвокатот што го застапува семејството на жртвата сака да знае кој ја оставил, пренесува „Њузвик“.

На непотпишаната порака било наведено „Ахмад, навистина ми е жал. Требаше да ги запрам. Навистина ми е жал“, според информациите во американските медиуми. Набргу потоа адвокатот Ес Ли Мерит на Твитер напиша „мораме да откриеме ко ја остави оваа порака!“.

Пораката оставена на местото на злосторството

Анонимната порака се однесува на убиството на Ахмад Арбери кој беше застрелан додека џогирал во округот Глин во американската сојузна држава Џорџија, на 23 февруари. Откако на социјалните мрежи се појави видеоснимка од инцидентот, јавноста бараше правда, по што полицијата уапси двајца осомничени.

На 6 мај, властите соопштија дека поранешниот полицаец Грегори МекМајкл (64) и неговиот син Тревис МекМајкл (34) се уапсени поради наводна поврзаност со смртта на Арберери. Двајцата осомничени беа обвинети за „убиство и насилен напад“ и однесени во притвор.

Грегори (лево) и Тревис МекМајкл се осомничени за убиството

Според известувањето на „Њујорк тајмс“, Грегори МекМајкл и кажал на полицијата оти го забележал Арбери како трча и помислил дека тој е вмешан во провалите кои се случувале во близина. МекМајкл потоа го повикал синот да му помогне да го пронајдат Арбери. Тие набргу земале оружје и влегле во нивниот камионет да го бараат Арбери, а кога го стигнале, при соочувањето помеѓу жртвата и осомничените дошло до расправија и биле испукани два истрела од огнено оружје се наведува во извештајот. Тревис е осомничен дека го застрелал Арбери, како што известува Си-ен-ен, додавајќи дека кога Грегори се расправал со Арбери, тој го нападнал неговиот син, а овој го застрелал.

По апсењето на осомничените, јавноста бара да биде покренато обвинение и против човекот што ја снимил пресметката, Вилијам Роди Брајан, кој тврди дека немал никаква поврзаност со злосторството. Видеоснимката што се појави во медиумите послужи за истрагата да земе замав, што доведе до апсењето на двајцата осомничени.

Ахмад Арбери бил застрелан по расправија