Две ракети од типот „Каќуша“ експлодираа во ирачка база во која се сместени и американски војници.

Базата се наоѓа на 80 километри северно од Багдад.

Нема повредени во нападот, изјавија извори од безбедносните служби.

Други детали за нападот засега не се соопштени.