Ракетите што ги лансирале милитанти од Авганистан денеска убиле петгодишно дете и раниле уште седум деца во северозападен Пакистан.

Нападот се случил во Баџур, во поранешниот племенски регион, кој исто така некогаш бил упориште на талибанците.

Баџур служел како база за пакистанските талибанци и други милитанти до пред неколку години кога војската објави дека го исчистила подрачјето од бунтовници.

Пакистан и Авганистан делат меѓународно призната граница од 2.400 километри позната како Дурандова линија. Кабул никогаш не ја призна границата.