Милитантите од Палестина денес истрелаа повеќе ракети кон различни израелски градови и села, поради што Израелците одговорија со воздушни напади и бомбардирања, потврди израелската армија, а јавува „Јуроњуз“.

„Радио Израел“ информираше дека најмалку 50 ракети се истрелани во рок од 30 минути, дел од нив длабоко во јужен Израел. Засега, нема информации за жртви, а познато е и дека поголем дел од ракетите бил пресретнати од израелската армија и навремено била испратена тревогата за жителите да почнат да се движат до нивните засонлништа.

Официјални лица од Газа пак за јавноста кажаа дека три Палестинци се повредени во еден од воздушните напади на Израел.

Безбедносната состојба меѓу Израел и Газа се наруши откако вчера по израелски воздушен нападии беа убиени двајца милитанти од исламистичката Хамас, која моментално е на власт во појасот. Израелската армија посточи дека нападот бил реакција на истрелите кои дошле од појасот Газа, кои повредиле двајца израелски војници на границата.

Уште двајца Палестинци вчера беа убиени од страна на израелските сили на неделните протести кои често се проследени со насилство на границата меѓу појасот Газа и Израел.