Пет ракети беа истрелани врз американската воздушна база „Баграм“ во Авганистан, при што никој не настрада, објави мисијата на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка“, додека Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

– Пет ракети се испукани врз воздушната база Баграм рано наутро. Немаше жртви – објави на Твитер Мисијата на НАТО во Авганистан, „Одлучна поддршка“.

Баграм, најголемата американска воена база во Авганистан, се наоѓа на околу 50 километри северно од Кабул.

Исламска држава објави на социјалните мрежи дека нејзините борци пукале со хеликоптер во внатрешноста на Баграм.

Портпаролот на Талибанците објави на Твитер дека Талибанците не се одговорни за нападот.

На крајот на февруари, САД и Талибанците потпишаа мировен договор со кој се предвидува постепено повлекување на американските сили од Авганистан.

Се проценува дека околу 2.000 американски војници се присутни во Авганистан.