Ракета беше лансирана од Појасот Газа во јужниот израелски град Ашкелон за време на посетата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, поради што го тој накратко мораше да се засолни, јавуваат израелските медиуми.

Израелската војска го потврди лансирањето во Ашкелон, на 12 километри од крајбрежната палестинска енклава, велејќи дека ракетата била соборена од воздушната одбрана.

Никој не презеде одговорност за нападот во Газа, која е под контрола на исламистите Хамас и во која помала фракција на исламски џихад размени оган со Израел минатиот месец, пренесува „Ројтерс“.

Нетанјаху бил однесен во засолништето кога се огласиле сирените за воздушен напад, но потоа се вратил за да ја продолжи кампањата за задржување на раководството во неговата партија.