Новоизбраниот ирански претседател Ебрахим Раиси ја отфрли можноста за средба со американскиот претседател Џозеф Бајден.

На прашањето за можна средба со Бајден, Раиси само одговори со „не“. Тој се намурти и загледа пред него, без да даде никакви детали, објави „Ројтерс“.

Тој изјави дека САД го прекршиле нуклеарниот договор од 2015 година и дека Европската унија не ги исполнила своите обврски.

– САД и ЕУ треба да ги исполнат своите ветувања според договорот – рече Раиси во Техеран, на неговата прва прес-конференција по победата на изборите во петокот.