Властите во Германија и Турција утрово извршија рација во рамки на заедничката истрага за банда измамници кои се претставувале како полицајци со цел да мамат постари лица.

Три лица се приведени во западногерманската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, а повеќе од 20 други во Турција, изјави портпарол на германската полицијата.

Според изјавите, меѓу уапсените во Турција е и водачот на бандата.

Бандата, наводно, собрала над 3 милиони евра од жртвите на нивните измами во околу 100 одделни акции спроведени во Германија, главно во западниот дел на земјата.

Според турската државна агенција „Анадолија“, криминалците формирале лажен центар за повици наменет за стари лица, во рамките на кој се претставувале како полицајци или обвинители.

Полициските рации биле спроведени во германски градови во Северна Рајна-Вестфалија, вклучувајќи ги Келн, Дортмунд и Оснабрик.

Во Турција полицијата апсела во Анталија, Истанбул и провинцијата Мугла.