Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат како исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија.

Налетите на ветрот достигнаа 180 километри на час и донесоа обилни дождови и силни ветрови што го парализираа Токио.

Речиси половина милион домови останаа без електрична енергија, а делови од централна и источна Јапонија се поплавени, пренесува „Ројтерс“.

Јапонските власти упатија десетина илјади спасувачи и војници во загрозените подрачја.

Јапонската меторолошка агенција издаде предупредување за Токио и околината, наведувајќи дека таков интензитет на дожд може да се види еднаш во 60 години.

Агенцијата „Кјодо“ соопшти дека количината на врнежите може да ја надмине онаа од најразорниот тајфун во 1958 година, кога загинаа 1.200 лица и имаше голем број на исчезнати.