Преговарачите на Велика Британија и Европската унија(ЕУ) „се приближуваат до изводливо решение“ во преговорите за Брегзит, изјави денеска британскиот секретар за Брегзит Доминик Раб по телефонскиот разговор со глевниот европски преговарач Мишел Барние.

– Иако постојат одделни важни разлики кои треба да ги решиме, јасно е дека нашите тимови работат на решенија кои се можни во рамки на договорот за повлекување и имаат продуктивни разговори во добар дух за идните односи – изјави Раб.

– Гледајќи нанапред, се согласивме да ја разгледаме состојбата по неформалниот состанок на шефови на држави или влади на ЕУ во салзбург следниот четврток и ја повторивме нашата подготвеност да го вложиме неопходното време и енергија за да ги доведеме овие преговори до успешен крај, изјави Раб.