Работници на Џенерал моторс во Јужна Кореја насилно влегоа во канцелариите на компанијата по информацијата дека нема да добијат еднократна награда за својата работа.

Тие го демолирале мебелот, откако филијалата на американскиот производител на автомобили им соопшти на вработените дека нема да добијат бонус поради финансиски проблеми.

Десетици членови на синдикатот влегле во канцеларијата на директорот и почнале да го уништуваат мебелот.

Синдикатот протестира поради одлуката на компанијата и побара од генералниот директор да поднесе оставка.

Компанијата потврди дека „насилниот инцидент во канцелариите на фабриката довел до големи штети врз имотот на фирмата“. Инцидентот е пријавен во полиција и ќе бидат преземени правни мерки против работниците.