Ширум европските и азиските градови работниците и синдикалците излегоа на улиците по повод 1 Mај – Меѓународниот ден на трудот, барајќи подобри услови за работа и почитување на работничките права.

Протесети се случуваа во Грција, Русија, Германија, Австрија, Франција, Турција.

Се маршираше и во азиските земји.

Јужнокорејската Конфедерација на синдикалците наведе дека не бил забележан ниту еден инцидент.

Инциденти имаше во Париз, каде на првомајските протести се приклучија и „жолтите елеци“, пришто дојде до немири помеѓу полицијата и демонстрантите.