Поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон, кој избега од Шпанија откако во 2017 година се залагаше за отцепување на таа област, рече дека ќе се врати ако биде избран во Европскиот Парламент.

Шпанските власти го сметаат Пуџдемон за бегалец, но тој во денешното интервју за каталонското радио Рац 1 истакна дека доколку стане пратеник во ЕП ќе има имунитет од кривично гонење во европските земји.

Партијата Заедно за Каталонија претходно соопшти дека Пуџдемон ќе биде нејзиниот главен кандидат на изборите за Европскиот парламент, што ќе се одржат на 26 мај.