Поранешниот каталонски претседател Карлос Пуџдемон, кој живее во егзил во Белгија, ќе биде водечки кандидат на партијата Заедно за Каталонија на изборите за Европскиот парламент во мај, соопшти денеска партијата.

– Ова е момент да направиме уште еден чекор кон интернационализација на правото за самоопределување на Каталонија, од срцето на Европа кон светот – напиша Пуџдемон на Твитер.

Пуџдемон и уште петмина поранешни каталонски лидери се во егзил во европски земји и ќе бидат уапсени доколку се вратат впо Шпанија.