Поранешниот претседател на регионалната Влада на Каталонија, Карлес Пуџдемон денеска оцени дека судењето на групата од 12 каталонски сепаратиситчки лидери во Мадрид, претставува тест на издржливост за шпанскиот правосуден систем и за демократијата во земјата.

– Јас, сепак, верувам дека шпанската држава ќе ја искористи оваа можност да донесе правилна пресуда, а тоа е ослободување, рече Пуџдемон, кој живее во егзил во Белгија, на прес-конференција во Берлин.

Групата од 12 обвинети се соочуваат со различни обвиненија, вклучувајќи и обвинение за бунт за време на неуспешниот обид на сецесија, кон крајот на 2017 година.

Судењето ќе биде пренесувано во живо на телевизија.

Во пресрет на почетокот на овој судски процес против каталонските сепаратисти, денеска демонстранти ги блокираа автопатиштата во Каталонија.