Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита поднесе оставка откако беше уапсен од побунетите војници, пренесува државната телевизија.

За време на телевизиското обраќање, Кеита рече дека ќе ги распушти владата и парламентот.

– Не сакам да се пролее крв за да останам на власт – ​​рече тој.

Кеита се обрати до нацијата неколку часа откако тој и премиерот Бубу Сисе беа однесени во воен камп во близина на Бамако, предизвикувајќи осуда од регионалните сили и Франција.

– Ако денеска, одредени елементи на нашите вооружени сили сакаат ова да заврши со нивна интервенција, дали воопшто имам избор – запраша Кеита од воената база во Кати, крај главниот град Бамако, каде беше приведен претходниот ден.

„Ројтерс“ наведува дека не може да се потврди автентичноста на снимката.

Претседателот и премиерот беа уапсени во Бамако од одметнати членови на вооружените сили, соопшти претходно претставникот на Африканската унија, Муса Факи Махамат.