Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската Унија во следните неколку години.

Путин ова го кажа пред учесниците на форумот „Русија повикува“ и зборуваше за диспаритетот во рамките на ЕУ поради системот за распределба на средства.

– Некаде околу 2028 година некои источноевропски земји ќе достигнат ниво на економски развој за што ќе треба да плаќаат за помалку развиените. Не сум сигурен дека тогаш тие не би го повториле размислувањето на Велика Британија (напуштање на ЕУ) – рече Путин.