Рускиот претседател Владимир Путин, денеска во 12 часот попладне, ќе одговара на прашања на граѓани во рамки на редовната годишна програма Директна линија, за која до вчера до 12 часот по московско време, пристигнале повеќе од милион и 385 .000 прашања.

Најголем прашања пристигнале преку телефон – 803.135, СМС – 317.000 додека преку ММС има повеќе од 31.500 прашања.

Околу 144.000 поставиле прашање преку посебен сајт и речиси 90.000 преку специјална апликација и официјални групи на социјални мрежи.