Не знам со какво оружје ќе се води третата светска војна, но четвртата ќе се води со стапови и со камења, порача претседателот на Русија, Владимир Путин во традиционалната годишна програма „Директна линија со рускиот претседател“.
Тој оцени дека евентуална трета светска војна би имала најпогубно влијание врз човештвото.
– Немаше глобални судири бидејќи во светот има стратегиски паритет. Без оглед колку тоа звучи непријатно – стравот од меѓусебно уништување ги спречувал и присилувал воените сили меѓусебно да се почитуваат – нагласи Путин.
Тој истакна дека е време да се седне на преговарачка маса и да се направи модерна шема на европската и меѓународна безбедност.