По поразот во Сирија, терористите почнаа да бараат нови упоришта на Балканот и Југоисточна Азија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Изјавата ја даде на седница на Советот на шефови на држави на Заедницата на независни држави (ЗНД), а пренесе агенцијата „Тасс“.

– Соочени со поразот во Сирија, екстремистите сега се преселуваат во други региони каде се обидуваат да формираат упоришта, а меѓу нив се Балканот, Југоисточна Азија и, за жал, јужните граници на земјите од ЗНД – рече Путин.

Според него, борбата против терористичките закани е приоритет за земјите членки на ЗНД.

– Клучно е да се вложат заеднички напори во борбата против тероризмот – рече рускиот претседател.