Рускиот претседател Владимир Путин испрати писмо до сирискиот колега Башар ал Асад во кое бара унапредување на билатералните односи и воспоставување на мир во Сирија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Пораката беше посветена на билатаралните руско-сириски односи, како и на процесот за воспоставување на дипломатско и политичко примирје во Сирија, наведе Песков.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на 19 март беше во работна посета на Сирија, при што се сретна со Асад и му го врачи писмото од Путин.

Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека Шојгу и Асад разговарале за војната против тероризмот во Сирија, постконфликтното воспоставување на мир и безбедност на Блиски Исток.

На средбата се разговарало и за враќање на раселените лица, како и за хуманитарна помош.