Речиси 130 претставници на специјалните служби од 34 земји во светот учествувале во обезбедувањето на Светското првенство во фудбал што се одржа Русија.

Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин на средба со членовите на Центарот за меѓународна соработка во Меѓусекторскиот оперативен штаб за гарантирање на безбедноста на Мундијалот.

Путин им се заблагодари на руските соработници од специјалните служби и од органите за спроведување на законот за извршената работа, како и на претставниците на специјалните служби и органите за спроведување на законот од други земји. Тој рече дека во заедничката работа учествувале 126 претставници од 55 специјални служби и органи за спроведување на законот од 34 земји.

Путин информира дека за време на Светското првенство биле спречени 25 милиони кибер напади и други криминални активности против информатичката инфраструктура поврзана со шампионатот.

Рускиот претседател истакна дека за време на Мундијалот не бил направен ниту еден посериозен инцидент.

Путин рече дека во рамките на подготовката на Светското првенство биле проверени повеќе од два милиони луѓе и биле извршени повеќе од 400 инспекции во 194 инфраструктурни објекти.